Гејтс кажал што мисли за тврдењето дека "Маск е новиот Стив Џобс"

Точка

21/09/2020

17:02

4.109

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс неодамна, во гостување на "Bloomberg TV", бил запрашан што мисли за тоа што многумина Илон Маск го нарекуваат "новиот Стив Џобс".

"Ако ги знаете лично, звучи прилично чудно работите да се постават така едноставно. Илон повеќе е практичен инженер, додека Стив беше гениј кога беа "HR", маркетингот и дизајнот во прашање", рекол Гејтс 

Додал и дека многу го почитува Илон Маск и неговата компанија "Тесла", но и дека борбата против климатските промени е многу покомпликувна од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашале дали акциите на "Тесла" се преценети, Гејтс не сакал да коментира, туку рекол дека тоа повеќе е тема за луѓето од берзата, а дека апсолутно нема никаква врска со климатските промени.

Изгледа дека работите не стојат баш најдобро во односите на овие двајца технолошки могули.

Потсетуваме, неодамна еден корисник на Твитер го прашал Маск што мисли за изјавите на Гејтс по повод електричните автомобили, а сопственикот на "Тесла" рекол дека дека милионерот "не разбира ништо".




Спонзорирани линкови

Маркетинг