Вистински приказни и маестрална глума: 5 најдобри филмови за менталните болести...

Точка

21/09/2020

20:11

4.229

Големина на фонт

а а а

Менталните болести често се инспирација за филмовите и креирањето ликови кои што се борат со истите, меѓутоа не е секогаш сè направено на идеален начин.

Станува збор за чувстителна тема, каде што во главата мора да имате многу фактори кои што влијаат на настанатите ситуации, а често се случува тоа да се изостави и да не се претстави болеста на вистинскиот начин.

Меѓутоа, навистина има исклучоци кога станува збор за филмската индустрија.

Ова се филмовите кои што вреди да ги погледнете:

„Girl, interrupted“

Филмот се занимава со дефинирање на терминот „луд“ и што перцепира општеството на таа тема, дали тоа зависи само од нечија постапка или пак не. Примерот кој што го следи оваа приказна е доброволно пријавување во психијатриска болница, наместо одење на факултет, што ѝ се случува на главната хероина.

„Rain Man“

Легендарниот филм кој што можеби е и првиот што ја опфаќа темата на аутизмот и секојдневниот живот на луѓето кои што живеат со него. Баш како и ликот кој што го толкува Том Круз, дознаваме што значи рутина, колку промените знаат да бидат опасни и какви интелектуални способности има неговиот брат.

„A Beautiful Mind“

Параноидна шизофренија е многу сериозна болест која што кај оној што ја поседува предизвикува губење на контактот со реалноста. Ова е филмот за борбата со прогресивната болест.

„The Breakfast Club“

Во овој филм запознаваме петмина средношколци кои што се на казнена настава кои што наизглед се како карикатури и ги претставуваат сите можни стереотипи. Паралелно претставена е уште една семејна ситуација во која што загрозено е нивното ментално здравје.

„Still Alice“

Веројатно најтажниот филм на листата, кој кога ќе го гледате тешко ќе се воздржите од солзи. Во филмот прикажан е развојот на Алцхајмерова болест кај професорка по јазик, од раната дијагноза па натаму. Како полека го губи помнењето и има многу поголеми проблеми во понатамошниот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг