Поранешниот фудбалер на ревијата на својата сопруга се појавил во папучи и бели чорапи

Супермен

22/09/2020

12:06

3.609

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам минатиот викенд одржа модна ревија, а единствените гости на модниот спектакл биле членовите на нејзиното семејство.

Како што налагаат правилата поради пандемијата на коронавирусот, не било возможно присуство на голем број луѓе, па Викторија се одлучила за поскромен спектакл. 

Во првите (и единствени) редови седеле сопругот Дејвид, синовите Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Но, она што го привлече вниманието на многу луѓе ширум светот е стајлингот на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Славниот Англичанец е секогаш беспрекорно стилизиран, но овој пат неговиот стајлинг бил вистински урнебес.

Најголемо внимание привлекле неговите папучи кои ги искомбинирал со бели чорапи - погледнете!



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk