Гејмер го научил своето куче да игра „Call of Duty: Warzone“

Супермен

22/09/2020

12:33

1.493

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на кучиња ширум светот ги учат своите миленици на интересни трикови, но дали некогаш сте виделе нешто вакво?

Британската Јутјуб ѕвеза Вил Арчер осмислил многу занимлив начин како да го поминува времето со своето куче Роузи. Имено, гејмерот толку уживал во „Call of Duty: Warzone“ што морал да ја сподели забавата и со своето милениче. 

Како Роузи научила да игра видео игра? Прво, дефинитивно не можела да користи контролер (од очигледни причини), па Вил ѝ направил т.н. „тастатура за кучиња“ која поседува само две копчиња - едно за движење и друго за пукање.

Биле потребни многу закуски и време за Роузи да научи да ги притиска овие копчиња по наредба на нејзиниот сопственик, но целиот труд на крајот се исплател - кучето успеало да убие дури 3 противници во играта.

Иако со дополнителен тренинг Роузи може да стане многу подобра, не треба да му го „свртиме грбот“ на фактот дека таа е веројатно првото куче во историјата кое направило убиство во „Call of Duty: Warzone“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk