Лампард го потврди седмото засилување за Челси: Чех одигра многу важна улога

Дерби

22/09/2020

16:49

3.267

Големина на фонт

а а а

Челси успеа да договори шест летни засилувања до официјалниот старт на новата натпреварувачка сезона, а сега по комплетираното второ коло во Англија, менаџерот Френк Лампард и дефинитивно ќе го добие седмото засилување.

Лондонскиот тим ќе игра утре против Барнсли во Карабао Купот, а во најавата за овој дуел, Лампард потврди дека Едуард Менди од Рен ќе биде новиот голман кој треба да биде силна конкуренција за Кепа Аризабалага кој има разочарувачки старт на сезоната.

– Менди е веќе кај нас и има медицински прегледи. Ако се мине како што треба, тој многу брзо ќе стане наш играч. Со пристигнувањето на Менди, ќе имаме уште повеќе конкуренција.

– Сигурни сме дека Менди ќе сака да игра и да биде прв избор. Ние имаме големи барања од нашите голмани и мора да се бориме да го добиеме најдоброто. Конкуренцијата е здрава за сите, – изјави Лампард кој откри дека Чех бил клучен во пронаоѓањето на последното засилување.

– Петр беше многу важен во овој трансфер. Тој беше фантастичен голман и ова е позиција која Чех многу добра ја познава. Тој имаше огромно влијание во комплетирањето на овој ангажман, – додаде Френк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг