Шокантен пресврт: Бартомеу го стопира трансферот на Суарез поради една причина

Дерби

22/09/2020

16:51

3.634

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез си договори двегодишна соработка со Атлетико Мадрид при која ќе заработува по девет милиони евра годишно, но кога се очекуваше да се комплетираат најситните детали, сега целата ситуација се најде во „ќор-сокак“.

Барселона во последен момент се премислила околу давањето дозвола за трансфер, откако претседателот Бартомеу проценил дека не планира да го подари Уругваецот на директен ривал за титулата во Примера, од кого сепак очекува нешто да заработи за продажба на својот играч.

Ваквата промена во ставот кај претседателот исклучително многу го налутила Суарез, кој дури и во ситуација кога си пронајде нов клуб, сега наидува на опструкции од Барселона која инаку самата побара од него да си бара нова средина.

Ако не се промени ставот на Бартомеу, Суарез планира да одработи официјална прес-конференција на која ќе се пожали за третманот кој го добива од клубот, со единствена цел да добие дозвола за трансфер во клубот со кој ги договори личните услови.

Стопираната операција која вчера изгледаше како завршена му носи навистина непосакувани проблеми на Суарез, бидејќи Атлетико Мадрид како алтернатива го има и Единсон Кавани доколку на крајот Барселона одлучи да не попушти во намерата да го ослободи „Ел Пистолеро“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг