Исламските "Битлси" се "прославија" со ѕверствата во Сирија - сега им се заканува смртна казна во САД

Точка

22/09/2020

18:30

1.887

Големина на фонт

а а а

Мајката на Британецот осомничен дека им ги сечел главите на заложниците од Западот кои ги киднапирала Исламската држава во Сирија, денеска го изгубила судскиот спор против одлуката на британската влада да ги сподели доказите за нејзиниот син со американските власти.

Ел Шафи Екшеик и Александа Коти, Британци кои признале дека се приклучиле кон ИСИС, моментално се притворени во САД. 

Тие се обвинети дека биле припадници на ќелијата одговорна за егзекуцијата на заробениците од Западот во Сирија.

Преживеаните заробеници нив и уште двајца џихадисти ги нарекле "Битлси" бидејќи зборувале на англиски јазик со британски акцент, пренесува "Reuters".

Мајката на Екшеик ја оспорила одлуката на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател да ги проследи информациите до американските обвинители на основа на барањето за "взаемна правна помош", наведувајќи дека тоа е спротивно со законите за заштита на податоци.

Судот денес го отфрлил нејзиното барање, што значи дека британските власти можат да ги предадат доказите на американското правосудство.

Американското обвинителство минатиот месец ја известило британската влада дека ќе бара смртна пресуда за двајцата осомничени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг