Турција и Грција изразиле подготвеност да ги продолжат разговорите за истражувањето и демаркацијата во источниот Медитеран и Егејското море, соопштила денес канцеларијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Во соопштението се наведува дека во текот на разговорите одржани преку видео-конференција било истакнато дека "делумниот напредок" кој ќе обезбеди воспоставување на дијалог би требало да биде поддржан со реципрочни чекори.
Ердоган изразил надеж дека самитот на ЕУ на 24-ти и 25-ти септември ќе даде нов поттик во односите на ЕУ и Турција, додавајќи дека на тоа би придонеле конкретни чекори кон управување на царинската унија, воспоставување на безвизен режим и миграција меѓу двете страни.
Тензиите меѓу Грција и Турција пораснале откако Анкара на почетокот на август пратила истражувачки брод во спорното подрачје на источниот Медитеран.