Џонсон ја вади војската на улица: Се наоѓаме на опасна пресвртница

Макфакс

22/09/2020

18:34

1.687

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер, Борис Џонсон, претстави поостри мерки за спречување на ширењето на епидемијата. Како што најави, новите поостри мерки би можеле да останат во сила шест месеци.

„Се наоѓаме на опасна пресвртница во борбата против коронавирусот и овие мерки би можеле да останат во сила шест месеци, што подразбира дека ќе важат за време на Божик и Нова година“, порача Џонсон.

Тој им препорача на граѓаните доколку се во можност, да работат од дома, а рестораните и кафулињата да затвораат порано, во 22 часот, за да се спречи брзо ширење на вториот бран на вирусот и гостите да се служат само на масите.

Колку е сериозна ситуацијата, сведочи и податокот дека војската добила овластувања да ѝ помогне на полицијата во спроведување на заострените одредби.

„Го задржуваме правото да распоредиме поголема сила со значително рестриктивни мерки“, рекол Џонсон пред пратениците.

Овие мерки се носат само еден ден откако здравствените експерти предупредија дека Британија ќе се соочи си експоненцијална растечка стапка на смртност во рок од неколку недели ако не се преземат итни мерки. Доколку се случи тоа, тие до ноември ќе имаат дневно 50.000 новозаболени и 200 починати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг