Научно истражување: Мобилните телефони само со еден сензор ќе ни одредуваат колку алкохол смееме да испиеме

Супермен

23/09/2020

15:47

1.963

Големина на фонт

а а а

По консумирањето на коктели, на испитаниците им биле фиксирани паметни телефони на нивните грбови и седум часа им го тестирале нивото на алкохол во крвта.

Последниот изум на американските научници би можел да ги воодушеви луѓето ширум светот, особено оние кои што сакат да се напијат чашка алкохол повеќе.

Паметните телефони наскоро би можеле да нè предупредуваат и да ни кажуваат дали сме под дејство на алкохол.

Всушност, ваквиот сензор на мобилните телефони би го контролирал начинот на кој што оди корисникот на истиот.

Според тврдењата на научницитеод Медицинскиот факултет при Универзитетот во Питсбург, целта е со ваквите информации на корисниците да им се сугерира дека не им е време да возат автомобил.


За потребата на истражувањето биле ангажирани 22-ца волонтери од различни старосни групи на кои што по едночасовното консумирање коктел со вотка им биле утврдени 2 промила алкохол во крвта.

По консумирањето на коктелите, на испитаниците им биле фиксирани мобилни телефони на грбовите и седум часа им било тестирано нивото на алкохол во крвта и способноста на одење по исцртана права линија.

Научниците забележале дека 90 отсто од случаите имале промена во нивниот од, а до тој заклучок дошле користејќи акцелерометар кој што се наоѓа во самите паметни телефони, па така прецизно можеле да утврдат кога концентрацијата на алкохол во крвта ја преминала дозволената граница.


„Ова контролирано лабораториско истражување покажува дека нашите паметни телефони би можеле да бидат корисни за препознавање на функционалните промени во движењето кај поединецот при консумирање алкохол.

Имаме моќни сензори кои што ги носиме со себе и мора да научиме да ги користиме, за истите конечно да служат за јавното здравје и безбедност.

Примената на таквите сензори може да предупреди некој кој што не е ниту свесен дека е во алкохолизирана состојба“ - објаснува водачот на истражувањето, д-р Брајан Суфолето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk