Есен во еден вкусен залак: 3 рецепти за јадења од печени пиперки

Точка

23/09/2020

16:06

4.237

Големина на фонт

а а а

Кога во септември ќе замириса на печена пиперка, тоа е јасен знак дека есента пристигнала...

Денеска ви претставуваме 3 вкусни рецепти за јадења од печени пиперки во кои ќе ужива целото семејство.

Салата од печени пиперки 

Потребни состојки:

- 4 црвени печени пиперки

- маслиново масло, оцет, лук и сол

Начин на припрема:

Печените пиперки излупете ги и исцедете ги. Потоа зачинете ги со маслиново масло, јаболков оцет и лук. Ако сакате, можете да додадете и кајмак или павлака.


Печени пиперки полнети со сирење

Потребни состојки:

- 8-12 пиперки

- 1/2 шолја меко козјо сирење

- зачински билки – магдонос, оригано, лук

- маслиново масло

- сол и бибер

Начин на припрема:

Измешајте го сирењето со зачините и со него наполнете ги исчистените пиперки. Наредете ги во огноотпорен сад и печете околу 20 минути на 200 Целзиусови степени. Доколку сакате, можете да ги прелиете со неутрална павлака и да ги потпечете. За декорација ставете свеж магдонос.


Супа од пиперки

Потребни состојки:

- 1 голема печена пиперка

- 1/3 шолја индиски ореви

- 1/3 шолја вода

- 1/2 кафена лажичка хималајска сол

Начин на припрема:

Наведените состојки сомелете ги во блендер, ставете ги во сад и додајте магдонос или свежо сечкана црвена пиперка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг