Естетика на среќата: Секој ентериер треба да поседува барем по еден жолт детаљ – од неколку причини

Точка

23/09/2020

18:39

4.122

Големина на фонт

а а а

Доколку се користи претерано жолтата боја, може да има и моќен контраефект.

Жолтата боја уште се нарекува и сончева, топла е и се верува дека привлекува убави работи во животот.

Колортерапијата користи нијанси на жолта боја за да ги насмее луѓето и да им подари чувство на среќа.

Кога станува збор за ентериерот, жолтата боја создава чувство на топлина и удобност, па поради тоа токму таа станала популарна кога станува збор за бојата на ѕидовите во домовите, но и во деловните простории.


Жолтите ѕидови, теписите во златни тонови, ламби и други детали во нијанса на сончева боја, стимулираат активност на мозокот и ги поттикуваат луѓето на подобра комуникација.

Но, премногу жолта боја делува контрапродуктивно.


Истражувањето покажало дека луѓето кои што се опкружени со премногу жолта боја често го менуваат расположението, нервозни се и раздразливи. Бебињата кои што спијат во соба која што е премногу жолта, повеќе плачат.

Уредувањето на ентериерот во жолта боја е најтешко за човечкото око затоа што оваа весела боја може да има контраефекти, доколку се користи претерано. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг