Потопување на „Rolex“ часовници во алкохол, брзо возење „Ferrari“ и многу пари... Овие деца се од Балканот, а вака уживаат во својот живот

Супермен

24/09/2020

14:35

4.457

Големина на фонт

а а а

Младите момци уживаат да покажуваат како се расфрлаат со парите.

На социјалната мрежа ТикТок, која што од ден на ден станува сè попопуларна, што кога станува збор за младата популација, но и постарата, се појавил профил кој што го следат дури 28.000 следбеници.

Тоа што ги шокира многумина, кога ќе го посетат овој профил со име „bahataomladina“ е токму неговата содржина.

Имено, тој се состои од видеа од млади момчиња од Балканот кои што ги снимаат своите вечерни излегувања, воглавно како си го поминуваат ноќниот живот.

Еден од клиповите кој што има над 30.000 прегледи е оној на кој што децата ги прскаат своите „Ролекс“ часовници со алкохол за да докажат дека се оригинални.

На следното видео може да се види возењето на „брзите автомобили“, а еден од таквите клипови има дури 212.000 прегледи.

Профилот е преполн со премлади момчиња и брзи автомобили кои што се трудат да покажат колку моќни возила имаат.

Мислењата на луѓето се поделени, некои мислат дека овој профил е измислен, додека пак другите мислат дека е реална ситуација која што се случува со децата на Балканот.

На една од снимките дури се појавува и најпопуларниот балкански јутјубер „Бака Прасе“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk