Југославија „лудуваше“ по неа: Легендарната Моника Селеш доживеа драстична промена – еве како изгледа сега

Точка

24/09/2020

16:54

5.107

Големина на фонт

а а а

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Моника Селеш, повремено се огласува на социјалните мрежи, воглавно објавувајќи стари фотографии и спомени, но со една актуелна фотографија таа предизвика многубројни реакции.

Имено, Моника се фотографирала со банкнота од еден долар, промовирајќи некоја акција по пат на социјалните мрежи, но сè било во втор план поради нејзиниот изглед.


Моника, со редовните тренинзи се ослободила од вишокот килограми, па сега изгледа како целосно друга личност.

Селеш и на почетокот на месец јули објави две фотографии каде што веќе можеше да се забележи дека многу ослабнала.


На една од нив таа истакнала цитат од книгата на Џејмс Блејк „How I Lost Everything and Won Back My Life“, а на другата покажала и тоа како ја поседува тениската кондиција.


Инаку, таа е родена во Нови Сад и за знамето на Југославија освоила осум Гренд Слема, а многумина веруваат дека таа стана најдобрата тенисерка на сите времиња, а луѓето исто така не можат да ја заборават 1993-та година кога Селеш имаше само 20 години и на сред натпревар беше прободена со нож од страна на навивач на Штефи Граф. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг