Кавгите во бракот помеѓу Амал и Џорџ Клуни не престануваат, а наводно масло на оганот додал предлогот кој познатиот шармер го добил од актерката Софија Вергара.
Според странските медиуми, Вергара наводно на Клуни му понудила нешто што не може да го одбие. Имено, Софија на 59-годишниот шармер му предложила да глумат заедно во комедија за која продуцентите, а и самата таа, се уверени дека ќе биде голем хит, кој ќе заработи милиони долари, пренесува „Ентертејн тајмс“.
„Клуни е одличен во комедиите, а покрај тоа им е сексапилен на жените, колку Софија што им е на мажите. Тоа за него би бил сериозен одмор од посериозните филмови кои ги снимаше во последните неколку години, а и неговите обожаватели ова и тоа како би ги усреќило“, открил извор близок на актерот.
Истиот извор открил и дека Амал е веќе загрижена поради тоа, дури е и љубоморна, иако снимањето на филмот сè уште не почнато.
„Амал сигурно внимателно ќе го следи нивниот распоред за снимања. И таа и сопругот на Софија, Џо Манганијело ќе се чувствуваат многу непријатно кога ќе почнат да летаат искри помеѓу Џорџ и Софија на сетот. Амал сфаќа дека единствениот паметен потег со кој може да го сочува бракот е редовно да оди на сетовите кога ќе почнат снимањата и да го 'држи под око' Џорџ“, додал изворот.
Сепак, официјални потврди дека Вергара и Клуни ќе глумат заедно, сè уште нема.
Џорџ и Амал се во брак од 2014-та година и имаат 3-годишни близнаци. Меѓутоа, последните неколку месеци медиумите пишуваат за нивните несогласувања и можен развод. Наводно после последните расправии повеќе од еден месец живеат на различни адреси.