Видео кое стана вирален хит: Погледнете како таксист му помага на демонстрант кој бега од специјалци

Точка

24/09/2020

18:45

4.087

Големина на фонт

а а а

Анонимен возач на такси кој му помогна на човек да побегне од полицијата на протест против белорускиот претседател Александар Лукашенко стана апсолутен хит на социјалните мрежи во Белорусија.

На видеото може да се види „филмската потера“ и бегството кое се одвиваше во стамбен комплекс во Минск во средата навечер кога се одржуваше протест против инаугурацијата на Лукашенко кој владее со Белорусија веќе 26 години.

Видеото го прикажува моментот кога демонстрантот панично бега од неколкумина полициски специјалци и влегува во такси возило кое е застанато на црвено светло. Во тој момент возачот одлучува да го спаси демонстрантот, па така веднаш тргнува и на крајот успева да им побегне на полицајците.

Инаку, белоруската полиција уапси 364 луѓе на антивладините протести само во текот на вчерашниот ден.

Додека траат протестите во Белорусија против Александар Лукашенко, тој вчера одржа тајна инаугурација, по што дополнително го навлече гневот на демонстрантите кои се сомневаат во регуларноста на неодамнешните претседателски избори.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел порача: „Европската унија не ги признава наместените резултати. На таканаречената инаугурација и новиот мандат на Лукашенко им недостасува демократски легитимитет“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг