Се огласи Златан: Ибра му испрати порака на коронавирусот по позитивниот тест

Дерби

24/09/2020

18:44

3.759

Големина на фонт

а а а

Сосема неочекувано и непредвидено, Стефано Пиоли нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ на неколку натпревари, откако искусниот шведски напаѓач беше единствениот од тимот на Милан кој има позитивен резултат на Ковид 19 по направените најнови тестови.

Лео Дуарте беше играчот на Милан кој ги натера сите играчи одново да бидат подложени на ПЦР тестови, а лоша вест пристигна само за Златан кој сепак саркастично и со ведар дух ја прими најновата информација.

Два часа по објавувањето на резултатот од страна на Милан, со свој коментар се јави и Ибра, кој преку социјалните мрежи му испрати порака на коронавирусот.

– Вчера имав негативен тест на Ковид 19, а денеска позитивен. Немам симптоми или нешто слично. Ковид имаше храборст да ме предизвика. Тоа е лоша идеја, – порача во свој стил Ибра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг