Трејлерот за продолжението на најдобрата хорор серија од 2018-та година ги преплаши луѓето: „Морничаво“

Точка

24/09/2020

20:25

4.455

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ го објави првиот трејлер на долгоочекуваниот „The Haunting of Bly Manor“, продолжение на хорор серијата од 2018-та година, „The Haunting of Hill House“.

Првиот дел од серијата е базиран на истоимениот роман на Ширли Џексон и освои многубројни награди, па докажа дека и серијата може да биде еднакво застрашувачка и емотивно напната како и филмовите.  

Продолжението на антологиската серија е инспирирано од романот на Хенри Џејмс „The Turn of the Screw“, но творецот Мајк Фланаган објаснил дека не станува збор за вистинска адаптација, туку романот ќе користи само како предлог.

„Приказната зборува за младата гувернанта која што мажот ја изнајмил за да ги чува неговата внука и внук во семејна селска куќа, откако добил старателство над нив. Откако таа ќе стигне на имотот, почнува да има визии кои што продолжуваат да ги прогонуваат просториите“ - стои во описот на серијата, чиј трејлер веднаш предизвика големо внимание во јавноста.

Фановите едноставно не можат да ја дочекаат серијата, но многумина се преплашиле откако го погледнале трејлерот за истата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг