Скандал! Пратеник се занесол, заборавил на камерите: Бил фатен во акција со партнерката во текот на виртуелна седница на Конгресот на Аргентина

Точка

25/09/2020

09:42

4.593

Големина на фонт

а а а

Пратеник во Аргентина е суспендиран откако камерата го забележала како ја милува својата партнерка, пред делумно да и ја повлече маицата надолу, во текот на виртуелната седница на долниот дом на Конгресот.

Во текот на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку видео-линк, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како седи со својата партнерка пред непристојниот чин. 

Набрзо по инцидентот, кој станал вирален на интернет и предизвикал незадоволство во јавноста во Аргентина, пратениците гласале за суспендирање на Амери.

Амери е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. Амери за локално радио рекол дека се чувствува лошо поради се што се случило.

Тој додал дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека е фатен во интимниот момент со својата партнерка, пренесува "Reuters".

Владејачката коалиција во соопштението навела дека ќе ја повика комисијата за да ги одреди конечните санкции за Амери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг