Шерон Стоун открила кој од колегите најдобро се бакнува - овој филмски бакнеж никогаш нема да го заборави

Супермен

25/09/2020

10:10

5.041

Големина на фонт

а а а

Актерката Шерон Стоун има богата филмска кариера, а во текот на истата снимила и бројни љубовни сцени.

Гостувајќи во емисијата на Енди Коен, една од најфаталните жени на сите времиња открила која сцена со бакнување е најдобра за неа. Шерон не се двоумела, а еден колега особено го пофалила - тоа е Роберт де Ниро со кој глумеше во филмот „Casino“ од 1995 година. 

„Роберт де Ниро дефинитивно најдобро се бакнува“, рекла Стоун и нагласила дека бакнежот со него бил магичен.

„Не знам дали би можела уште нешто да споредам со тој бакнеж, се останато беше некако без врска“, била искрена актерката. Шерон признала и дека била заљубена во Де Ниро кога започнала со актерската кариера и дека Роберт и денес многу го цени. 

Погледнете го бакнежот во филмот „Casino“:

А еве како Шерон Стоун го фалела Роберт де Ниро во емисијата на Енди Коен:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk