Џенифер Лопез и Малума објавиле дури два спота, и тоа за песните „Pa Ti“ и „Lonely“.
Џенифер Лопез и тоа како привлекла големо внимание на светската музичка сцена, откако биле објавени нејзините две песни во последната година, кои што ги изведува заедно со колумбиската ѕвезда Малума.
51-годишната Џенифер и 26-годишниот Малума снимиле две поврзани приказни во два спота, а сите зборуваат за нивните жешки сцени и танцовата кореографија, како и дека Џенифер никогаш претходно не изгледала поатрактивно.
Но, ништо помалку атрактивен не е ниту Малума кој што во спотовите во неколку сцени го покажува своето извајано тело и тетоважите.
Инаку, засега не е познато дали ова е најава за нов музички албум на Џенифер Лопез.
Освен заедничките песни, Џенифер и Малума снимиле и филм, романтичната комедија „Marry Me“.