Еден од најпопуларните холивудски парови добил син: Обожавателите во солзи поради името кое што го добило детето...

Точка

28/09/2020

10:30

4.853

Големина на фонт

а а а

Популарниот оскаровец и неговата десет години помлада колешка, првпат станаа родители, а изборот на името на нивното дете е инспирирано од посебна личност.

Хоакин Феникс (45) и Руни Мара (35), добија син, изјавил на Филмскиот фестивал во Цирих, режисерот Виктор Косаковски.

Како што додал тој, детето го добило името Ривер.

На обожавателите на Хоакин и филмоманите, ова име им е многу добро познато, поради тоа што Ривер Феникс е прерано починатиот и постар брат на „Џокер“.

Актерот останал запомнет по улогите во филмовите „Stand By Me“, „Running on Empty“ и „My Own Peivate Idaho“, починал на 31-ви октомври 1993-та година, по предозирање во некој ноќен клуб во Лос Анџелес.


Хоакин кој тогаш имал само 19 години, бил со него во моментот кога повикал полиција. Во потресниот повик кој што подоцна се појавил и во медиумите, расплаканиот Хоакин викал: „Има напад, ве молам, побрзајте, тој умира“.

Тој никогаш не криел колку болно било тоа искуство за него и какво влијание имало сето тоа во неговиот понатамошен живот.

„Во секој филм кој што го снимав, на некој начин постоеше врска со Ривер. Тој е моја инспирација. Ја чувствувам неговата присутност, како постојано да е тука и да ме води“ - изјавил актерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг