Климатски промени: Заштеди електрична енергија и чувај ја природата

Точка

28/09/2020

10:52

1.747

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што постојано и наштетуваме на планетата Земја и секоја година се рушат рекорди со зголемување на загадувањето треба да научиме да штедиме, а нашиот дом да стане енергетски ефикасен, но најважно и еколошки продуктивен.

Еден од значајните моменти за рационално искористување на топлинската енергија и намалување на неконтролираната потрошувачка на енергенси може да се постигне со поставување на дигитален тајмер или собен термостат. Со помош на термостатот можеме да ја контролираме температурата во просторијата и по потреба да ја зголемуваме или намалуваме. Истражувањата покажале дека потрошувачката на електрична енергија се намалила дури за 20% кога се исклучувале непотребните апарати за домаќинство веднаш по користењето. Да напоменеме дека во ова спаѓа и исклучување на мониторот од компјутерот, исклучување на телевизорот од струја, исклучување на полначите за мобилен телефон или лап топ по нивната употреба итн.

Ние живееме на Балканот и познати сме по тоа уредите да ни траат по минимум 30 години, но треба да знаеме дека дури и ако не се расипани сепак нивниот систем е направен за некое минато време и најчесто се неекономични, непрактични и трошат многу енергија, па затоа најрационално е да ги замениме старите и искористени електрични уреди. И кај електричните уреди е истата приказна како кај автомобилите- колку се постари толку повеќе трошат, а со тоа и многу загадуваат. При изборот на нови уреди секогаш треба да внимаваме да бидат со што повисока енергетска класа, идеално обележани со А+++. Енергетската класа означена со латинични букви од A до G ни кажува колку производите се енергетски ефикасни, а со тоа и колку се еколошки. Провери ја енергетската ефикасност на опремата која ја користиш и сѐ со ознака D, E, F или G замени го со опрема со енергетска вредност А или В за максимална заштеда. 

Геотермалната енергија е бесплатна и се добива од подземните води, а кога еднаш ќе го поставиме системот, целокупната енергија што ја добиваме од него е речиси бесплатна. 

Комбинацијата на соларен систем за производство на топла вода со системите за греење е одлична можност за заштеда во домот. Со поставување на соларен комбиниран бојлер со два менувачи се отвора можност топлата водата добиена преку соларниот бојлер да се користи и во системите за греење без разлика дали станува збор за подно или радијаторско греење. 

Гасењето на светилките кои непотребно осветлуваат и ние по навика ги оставаме да светат по подолг временски период ја намалува потрошувачката на електрична енергија и сметката за струја.

Исклучувањето на системот за греење при подолго отворање на прозорецот овозможува да не се троши струја залудно. Кога ќе сакаме подолг период да ја проветруваме просторијата во која седиме, првин да го исклучиме системот за греење за да не работи напразно бидејќи целата топлинашто ќе ја произведе ќе се изгуби со проветрувањето. 

Цената на електричната енергија не приморува да разгледуваме различни начини како би ја намалиле потрошувачката. 

Имајте на ум дека секогаш кога купувате бела техника, треба да барате енергетска класа со ознаката А+++ за максимална заштеда. 

Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Делегација на Европска Унија во земјава, го имплементираат здруженијата Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ, CNVP –Macedonia и Движењето на екологистите во Македонија –ДЕМ и преку него едуцираат и делуваат за справување со климатските промени во државава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг