Од „Renault 4“ старо 41 година направил врвен „олдтајмер“ вреден 10.000 евра

Супермен

30/09/2020

14:34

4.458

Големина на фонт

а а а

Овој човек од стар автомобил направил „ѕвер“ од кој што сега може да заработи голема сума пари.

Најпродаваниот француски автомобил на сите времиња „Renault 4“, е еден од автомобилите кои што го обожувала цела Југославија.

Овој автомобил и денес е многу присутен на патиштата ширум светот, а неговата популарност на овие простори допринела да се произведат дури 575.960 примероци во фабриката „IMV“ во времето на Југославија.


Александар Николиќ од автомобилот кој што датира од 1979-та година направил олдтајмер кој што може да се појави на било која изложба на такви автомобили и секако дека вреди многу.

Александар изјавил дека автомобилот не изгледал воопшто лошо ниту пред да се реставрира, но самиот тој имал голема желба да го направи тоа, а колку бил успешен во тоа докажуваат фотографиите.


Автомобилот го покренува познатиот мотор од 850 кубици и има 34 коњски сили, а ентериерот е навистина оригинален.

Овој автомобил во 1979-та година бил продаден за цена од 8.350 евра, а едно е очигледно - дека неговата вредност денеска е навистина голема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk