Сопругата на Хју Џекмен одговори на гласините: „Тој веќе со години е геј“

Супермен

01/10/2020

11:39

4.789

Големина на фонт

а а а

Хју Џекмен и Дебора ли Фернес се во среќен брак веќе 24 години, но и покрај тоа славниот актер со години го следат гласини дека е всушност хомосексуалец.

Неговата сопруга се осврнала на овие гласини во едно од неодамнешните интервјуа. 

"Хју веќе со години е геј. Дури и јас бев геј, знаете. Кога глумев во филмот „Срам“, бев геј, а потоа луѓето беа шокирани кога се омажив“, изјавила Дебора низ смеа.


"Тоа е едноставно погрешно. Тоа е исто како некој да му каже на Елтон Џон дека е хетеросексуалец. Сигурна сум дека би бил бесен“, додала таа. 64-годишната актерка признала и дека ѝ пречи кога луѓето велат дека е вистинска среќничка затоа што се „омажила за Хју Џекмен“. 

„Луѓето едноставно не сфаќаат дека тоа е непристојно. Таквите луѓе ме нервираат. Тоа значи дека јас сум среќничка бидејќи тој е секс симбол, а јас не сум. Но, знаете, тоа е Холивуд и шоу-бизнисот и едноставно се помирив со тоа“, објаснила актерката.

Дебора ја открила и својата реакција кога Џекмен беше прогласен за најсекси маж на светот уште во 2008 година.


„Му испратив порака: „Еј секси, тебе ти е редот вечер да го фрлиш ѓубрето“, едноставно не ми пречеше“, низ смеа раскажала сопругата на Хју.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk