Овојпат го покажа заводливото тело во разголено издание на езерото Комо, па не е чудно што сите сакаат да соработуваат со неа

Супермен

01/10/2020

14:48

3.892

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк во разголено издание позирала на италијанското езеро Комо.

Убавата манекенка со руски корени, Ирина Шајк, успешно ги извршува и своите мајчински обврски и работата со која што се занимава - моделингот.

Една од нејзините последни работни обврски било снимање за насловната страница на германски „Vogue“ која што ја одработила на италијанското езеро Комо, а папарацо фотографите успеале да ја уловат 34-годишната убавица и да покажат колку навистина таа е сексапилна.


Нејзината појава на езерото ги воодушевила сите, а исто така таа позирала во провокативни изданија од кои никој не останал рамнодушен.

Додека не е на работа Ирина е целосно посветена на малата Леа, која што ја одгледува со поранешниот партнер, 45-годишниот Бредли Купер со кој што рамноправно го дели старателството.


Бредли, исто како и Ирина се труди да биде што е можно подобар родител, па настојува да работи на проекти во близина на Њујорк, каде што Леа живее со нејзината мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk