Точка ТВ: Според филмот „Lucy“ користиме само 10% од нашиот мозок, дали е тоа така? Ова се теориите

Точка

08/10/2020

21:18

4.134

Големина на фонт

а а а

„Lucy“ беше филмот кој постигна голем успех во светот, а веруваме дека не постои човек кој не го гледал. Морган Фримен филмот го започнува со реченицата: „Користиме само 10% од мозокот, замислете што би се случило кога би користеле 100%, би се случиле разни интересни работи“.

Историјата на оваа заблуда ја започнл Вилијам Џејмс, татко на модерната психологија, кој што напишал: „Користиме само мал дел од своите ментални и физички способности“.

Оваа изјава потоа разни научници ја интерпретирале како Вилијам Џејмс со ова да мислел на тие 10 отсто, но колку што е познато тој никогаш не спомнал бројка.

Во Светскиот алманах од 1929-та година издадени биле тврдења дека „психолозите кажуваат дека користиме само 10 отсто од нашиот мозок“, но бројката во тој облик никогаш не била докажана.

Со користење на техника, како што е на пример функционалната магнетна резонанца и PET скенери, покажале дека мозокот им висока активност во реално време.

Со други зборови - мозокот речиси секогаш е активен, па дури и додека спиеме.

Вистина е дека мозокот користи повеќе енергија од било кој орган во телото, што значи дека е многу „зафатен“.

Мозокот користи околу 20 отсто од телесната енергија, а има мислења според кои неможно е да се одреди кој процент од мозокот го користме, но секако дека тоа е над 10 отсто.


Бејерстеин многу долго се занимавал со оваа теорија и навел дека користиме поголем дел од нашиот мозок поради тоа што ниту еден не може да биде оштетен доколку не биде оштетена и некаква функција.

Мозокот има околу 100 милијарди неврони, но бројот на глијалните клетки е значително поголем. Глијалните клетки овозможуваат структурална рамнотежа.

Со други зборови тоа би значело дека невроните се само 10 отсто од мозокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk