Луѓето се потсмеваат со изгледот и цената на новиот iPhone, ова се најдобрите шеги

Супермен

14/10/2020

14:05

10.112

Големина на фонт

а а а

Набрзо откако од Apple го претставија најновиот iPhone во 4 варијанти - iPhone 12, iPhone 12 Mini, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Maх, интернетот го преплавија шеги на сметка на неговиот изглед и спецификации.

Корисниците, изгледот на најновиот модел го споредија со застарениот iPhone 5, а многумина го искажаа и своето незадоволство што новиот модел ќе се продава без адаптер за полнење и слушалки. Љубителите на технологијата забележале и дека оваа верзија не е многу поинаква од претходните две, првенствено бидејќи нема битна разлика во карактеристиките на камерите, пишува „Republic World“. 

Дел од Твитерџиите ја истакнаа и старата добра шега за продажба на бубрег и останати органи за да заработат доволно за купување на овој телефон. За потсетување, почетната цена на iPhone 12 е 799 долари. iPhone 12 Mini ќе се продава по цена од 699 долари, iPhone 12 Pro за 999, a Pro Max за 1099 долари.

„Се надевам дека се шегувате. Ова не може да биде iPhone 12. Како тоа добиваме ист мобилен 3 години по ред?“, напишал еден твитерџија.

„Стив Џобс веројатно се превртува во гроб“.

„Изгледа дека iPhone 12 ја препишал домашната задача од iPhone 5“.

„Јас откако ќе го продадам својот бубрег“.

„iPhone 12 изгледа како дете на iPhone 11 и iPhone 5“.

„Вработените во „Apple“ ја објаснуваат разликата помеѓу iPhone 11 и iPhone 12“.

„Метод на плаќање: Бубрег“.

„Оваа година iPhone доаѓа без полнач и слушалки. Догодина воопшто нема ни да биде во кутија“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk