Мекгрегор се пофали со фотографии на социјалните мрежи, па ги воодушеви сите.
ММА борачот, Конор Мекгрегор, се почести со луксузна „Lamborghini“ јахта - вредна над три милиони долари. Произведувач на овој „ѕвер“ е италијанската автомобилска компанија и произведувач на пловила „The Italian Sea Group“.
Како што му доликува на еден шампион, Ирецот се пофалил со купувањето на социјалните мрежи, и објавил фотографии од презентацијата, во негова чест.
Инаку со проектот „Tecnomar for Lamborghini“ предвидено е да се изработат 63 ексклузивни верзии, а Мекгрегор ја „пазареше“ 12-та по ред, симболично избрана поради неговио бренд виски „Proper No. Twelve“.
Во друштво на својата сопруга и децата, борачот позирал во седиштето на италијанската компанија, а на социјалната мрежа Инстаграм објавил и порака „Број 12, верзијата на Мекгрегор“.