На денешен ден засекогаш се промени историјата на фудбалот: Уште беше дете и на грбот го носеше бројот 30, а денес е фудбалски маестро

Супермен

16/10/2020

12:47

1.749

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 16 октомври 2004 година, Лионел Меси дебитираше за првиот тим на Барселона.

Се играше 84-та минута од натпреварот кога Лео влезе на теренот со бројот 30 на грбот, заменувајќи го Деко во натпреварот против Еспањол. 

Тој имаше само 17 години и 22 дена и со тоа стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, а неодамна тој рекорд го сруши Ансу Фати, новиот бисер на „Ла Масија“.

Од тој ден до денес, Меси имаше константна еволуција како играч. Освои вкупно 34 трофеи со Барселона, 10 титули во Примера, 4 трофеи во Лигата на шампионите, 5 пехари во Купот на кралот, 3 УЕФА суперкупови, 3 Светски клупски првенства, 8 шпански суперкупови. Има 5 Златни топки, 6 Златни копачки и неодамна ја освои наградата наречена „The Best“.

Иако освои апсолутно се со тимот на Барсеона, а има 33 години, Меси и понатаму има амбиција да освојува трофеи. Со начинот на игра, тој ги помести границите на фудбалот и го запиша своето име помеѓу најдобрите во историјата.

Она што уште му недостасува за неговата кариера да биде комплетна е трофејот со репрезентацијата на Аргентина. Останува да видиме дали и тоа ќе успее да го освои големиот Меси...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk