Ентериерот и димензиите гарантираат удобност за човек каков што е Леброн Џејмс.
Ѕвездата на НБА финалето и четврта година по ред најкорисен играч на лигата, Леброн Џејмс, се почести со нов автомобил.
Тој одлучил себеси да се награди со „Mercedes G класа“ во најпрестижното „Maybach“ издание.
Целосното име на автомобилот е „Mercedes-Maybach G650 Landaulet“, а произведен е само во 99 примероци.
Овој автомобил е долг 5.35 метри, а висок 2.23 метри. Неговиот ентериер гарантира удобност за човек каков што е Леброн. Има и подвижен платнен кров.
Во седиштата на автомобилот се вградени греачи и масажери, а патниците може да уживаат во својата храна и пијалаци со помош на специјалните носачи. Ова е само дел од луксузот кој што го дава автомобилот.
Кога беше претставен пред три години, овој автомобил се продаваше за половина милион долари, а неодамна еден примерок на аукција бил продаден за неверојатни 1.4 милиони долари.