Точка ТВ: Еден ден пред смртта признал дека е ХИВ позитивен, а со приватниот живот ја интригираше јавноста до крај – Фреди Меркјури

Точка

16/10/2020

21:00

5.339

Големина на фонт

а а а

Фреди Меркјури е еден од најголемите пејачи на сите времиња, а неговите песни и денес се меѓу најпопуларните во светот.

Фронтменот на групата „Queen“, легендарниот Фреди Меркјури беше познат по својот раскошен глас, но и уникатна појава.

Роден е во 1946-та година во Занзибар, а учел и пишувал музика многу време пред да ја оформи легендарната „Queen“ во 1970-та година со гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор.

Со бендот почнале да ги освојуваат сите топ листи, прво во Велика Британија, а потоа и во светот.

Фреди привлекувал големо внимание и со својот приватен живот, затоа што судејќи по многу ситуации тој бил турбулентен и динамичен.

Тој на 24 години ја запознал Мери Аустин, а само четири години подоцна се вериле, во времето кога неговата популарност вртоглаво растела. Нејзе ѝ посветил голем дел од неговите хитови, меѓу кои и најпознатиот „Love of my life“.

По шест години врска Фреди и Мери не разговарале исто како претходно, а набрзо Фреди ѝ признал на својата сопруга дека е бисексуалец, па се разделиле, но засекогаш останале пријатели.

Со Џим Хат врската ја започнал во 1985-та година, а со него останал до крајот на својот живот, а Фреди често знаел да каже дека нивната љубов се темелела на почит и разбирање.

По последниот настап со групата „Queen“ медиумите веќе почнале масовно да пишуваат дека Фреди е ХИВ позитивен, но тој цврсто го одбивал тоа.


Последниот спот со групата „Queen“ за песната „These Are the Days of Our Lives“ веќе бил знак дека пејачот не е во добра здравствена состојба, затоа што токму таму може да се забележи тоа што медиумите веќе го пишувале а него.

Подоцна, членовите на бендот зборувале дека Фреди одвај доаѓал на пробите и изгледал многу исцрпено и поразлично од вообичаено.

Голема утеха во тие денови од неговиот живот му биле Мери и Џим, а во 1991-та година тој веќе признал дека е ХИВ позитивен.

Само еден ден подоцна светот ги слушна потрагичните вести за легендата на рок музиката, веста за неговата смрт.

За богатиот живот на Фреди пред две години беше снимен и филм „Bohemian Rhapsody“ кој што воедно освои и неколку Оскари, а на него работеле и сите членови од безвременскиот бенд „Queen“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk