Холандскиот ветеран Арјен Робен во текот на богатата кариера практично освои сè што можеше да се освои, но славата и популарноста која што ја стекна не го навела да ги изгуби навиките кои пак ги стекнал во текто на неговото детство.
Своевремено тој беше еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Европа, а во својата „колекција“ има трофеи во Англија, Суперкуп во Шпанија, а потоа со текот на годините освојуваше со Баерн Минхен со кој што стигна до осум пехари во Бундеслигата, пет купови и Суперкупови на Германија, Лига Шампиони и Суперкуп Европа.
Ова лето тој одлучи да се пензионира и да се врати во неговиот Гронинген, клубот во кој што првпат започнал да се занимава со фудбал.
Arjen takes his bike to work, how do you usually transport yourself? Bike, car, train, bus or something else? ????
Posted by Arjen Robben Fan Club on Thursday, August 23, 2018
Робен сфатил дека не може без фудбалот, па решил да се врати во редовите на зелено-белите, а пред една седмица имал дуел со Утрехт, а фудбалерот покажал дека е само „обичен човек“.
На стадионот „Еуроборг“ Робен пристигнал со велосипед, што не го пропуштиле тамошните медиуми, но тоа не е ништо чудно затоа што фудбалерот кога и да е во можност го користи велосипедот како превозно средство, со кое што оди на тренинзи и натпревари.
Инаку, Робен во Гронинген бил познат како „момче на велосипед“, затоа што редовно од дома до тренинг центарот одел со велосипед и секој ден поминувал по 13 километри на него - во еден правец.
„Секогаш одеше со велосипед. Во нашиот град тоа е нормално, сите деца тука на училиште одат со велосипед. Нему никогаш не му беше проблем да вози по 13 километри во еден правец“ - изјавил неговиот татко Ханс.
Op de fiets naar de club. Arjen Robben verandert nooit! ? #groutr pic.twitter.com/MYOW7shWSH
— FOX Sports (@FOXSportsnl) October 18, 2020