Во сексот најважно е да фантазирате и никогаш не треба да дозволите тоа да се претвори во рутина.
Доколку сaкате да го изненадите вашиот партнер или партнерка, Лиза Свит, авторка на книгата „365 секс пози - нов начин секој ден да имате жежок секс“, предложува две пози кои што гарантираат големо задоволство.
А, сега е време за „катапултирање...“
Катапултирање е варијатна на „обратна cowgirl“ поза и во таа положба мажот седи на подот, со грбот потпрен на ѕидот. Нозете му се раширени во облик на буквата „V“, а жената е свртена со грбот и во седечка позиција се спушта одгоре, надолу.
Таа со своите раце треба да се потпира и оттурнува од подот, а мажот ѝ помага во тоа држејќи ја за колковите.
Погледнете ја илустрацијата:
Лиза тврди дека оваа поза на жените ќе им овозможи повеќекратен оргазам.
„Мажите сакаат нивниот труд во кревет да се награди со орален секс. Жената може да вклучи и „играње со неговите тестиси“, без оглед дали ги бакнува или пак допира со рацете, сепак тој ќе биде изненаден и целосно задоволен“ - вели Лиза Свит.