Невиден хаос во Прага поради новите мерки за заштита: Полицијата со коњи и водени топови тргнала на демонстрантите

Точка

19/10/2020

19:23

3.611

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Чешка била принудена да употреби солзавец и водени топови, а сето тоа за да растера неколку стотини демонстранти во Прага кои ги нападнале полицајците за време на протестите против новите мерки за заштита кои таа земја ги преземала поради коронавирусот.

Според пишувањето на одредени медиуми во драматичните судири на полицијата и демонстрантите повредени биле најмалку 20 лица. 

Протестирале повеќе илјади луѓе, вклучувајќи и фудбалски навивачи кои протестирале против мерките меѓу се и забраната за спортски натпревари и затворање на барови.

Исто така било забрането собирање на повеќе од шест лица, но дозволено е демонстрирање до 500 луѓе, ако се раздвоени во групи од по 20 и носат маски.

Меѓутоа, како што е забележано, на основа на проложените снимки, демонстрантите не носеле маски. Откако полицајците соопштиле дека нивниот број е поголем од 500, организаторите го сопреле собирот. Но, некои демонстранти останале на плоштадот и почнале да ги гаѓаат полицајците со шишиња, камења и други предмети.

Драматичната ситуација ја зголемиле криците на бесната маса и константниот звук од солзавците, а полицијата немилосрдно удирала со пендреци по насобраните.

Демонстрантите на полицијата фрлиле се што им се наоѓало под рака, но полицијата не им останала должна. Целиот маневар бил проследен со врисоци. Полицијата дури и во масата влетала со коњи.

Во Чешка се бележи рекорден пораст на нови случаи на коронавирус минатите три недели, и таа земја има највисока стапка на зараза во Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг