5 најдобри природни масла доколку сакате да имате бујна и здрава коса

Точка

19/10/2020

20:38

3.932

Големина на фонт

а а а

Природните масла за коса благотворно влијаат врз здравјето и квалитетот на косата, го спречуваат нејзиното опаѓање и го забрзуваат нејзиниот раст.

Доколку досега не сте користеле природни масла бидејќи сте мислеле дека вашата коса ќе стане масна, ви предлагаме да заборавите на тоа и да прочитате кои се најдобрите природни масла за коса. 

Маслиново масло

Маслиновото масло не е само важен дел од здравата исхрана, туку и многу ефикасен начин за нега и зајакнување на косата. Содржи природни антиоксиданси и омега-3 масни киселини кои ја зајакнуваат структурата на влакното и го штитат од оштетувања од слободни радикали и УВ зраци. Покрај тоа, маслиновото масло е исто така погодно за масажа на скалпот. Користете го маслото 1-2 пати неделно и по неколку употреби со сигурност ќе забележите резултати.


Кокосово масло

Кокосовото масло не само што има волшебен тропски мирис, туку има и силно ревитализирачко дејство. Благодарение на високата количина на витамин Е, кокосовото масло ја негува косата одвнатре, правејќи ја мазна и сјајна. Исто така, маслото е богато со лауринска и капринска киселина кои се природни антисептици и антиоксиданси. Тие го штитат скалпот и ја зајакнуваат неговата природна бариера.

Арганово масло

Аргановото масло со причина се нарекува „течно злато“. Тоа е едно од најскапите и најефикасните масла. Аргановото масло (познато и како мароканско масло) е богато со витамин Е, омега-3 масни киселини и антиоксиданси кои буквално можат да ја оживеат и оштетената коса. Покрај тоа, за разлика од другите масла, аргановото масло е речиси немасно што овозможува секојдневна употреба и не создава дополнителни тешкотии во текот на измивањето.


Масло од авокадо

Маслото од авокадо, како и самото овошје, содржи протеини, здрави масти, есенцијални аминокиселини и витамини (А, Д, Е и Б6), поради што ги санира настанатите оштетувања на косата. Маслото од авокадо е прилично интензивно и густо, така што може малку да ја сплеска косата, намалувајќи го нејзиниот волумен.

Рицинусово масло

Рицинусовото масло е идеално за поттикнување раст на нова коса. Тоа е богато со витамин Е, минерали и протеини. Маслото, исто така содржи антиоксиданси кои го одржуваат нормалното ниво на кератин во косата, правејќи ја цврста и мазна. Покрај тоа, помага во контрола на процесот на губење на косата, а благодарение на своите антимикотички својства, одлично е и против првут. При купување бирајте ладно пресувано рицинусово масло (слично на маслиново масло) и користете го како маска 2 до 3 пати неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг