Големо враќање на „орлите“: УЕФА не ја заборави магијата на Пандев против Касилјас

Дерби

20/10/2020

12:51

2.832

Големина на фонт

а а а

Вечерва ќе стартува новата сезона во Лигата на шампионите и на програмата има осум натпревари, а еден ќе им привлече огромно внимание на фановите на Лацио кои после цели 13 години ќе гледаат елитен фудбал.

Лацио имаше фантастично патешествие минатата сезона и заслужено се пласираше во фудаблската елита во Европа, па вечерва на домашен терен ќе ја пречека Борусија Дортмунд во натпревар кој се очекува да биде крајно атрактивен поради офанзивниот пристап на двата тима.

„Орлите“ од Рим вечерва повторно ќе полетаат во Лигата на шампионите по пауза од 13 години, а по тој повод, УЕФА ги издвои најубавите голови постигнати на Лацио во ова натпреварување.

Во листата имиња имиња како Верон, Креспо, Лопез и Михајловиќ, но тука е и нашиот Горан Пандев кој постигна спектакуларен волеј погодок во мрежата на Касилјас во натпервар против Реал Мадрид во сезоната која беше последна за Лацио во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг