Корисничка на „Reddit“ со име Ramaal2000 поставила прашање: „Кој филм сте почнале да го гледате, а потоа сте заклучиле дека не можете да го гледате докрај?“.
Не требало да помине многу време за да ги добие одговорите, а ова се филмовите кои што најчесто биле спомнувани:
„Мислев само дека ќе биде комично лош, но се вопостави дека е карта во светот на филмовите. Го погледав 35 минути пред да сфатам дека размислувам за многу работи, но не и за филмот, па се откажав“, напишала некоја корисничка.
„Го погледав само 30 минути и излегов од киното. Човечките лица на мачките ме преплашија“, изјавила друга корисничка.
„Беше тоа првиот филм со Адам Сендлер, а најчудното е тоа што овој филм не стави крај на неговата кариера“, тврди некој друг корисник.
„Пред неколку години сакав такви пародии. Сè додека не го погледнав ова. Не можев ниту да го гледам кога се појави во кината, па почекав и го гледав неколку години подоцна. Гледајќи го сфатив дека не е воопшто смешен затоа што се однесуваше на хорори кои што беа актуелни во тоа време, а повеќе не се важни. Го изгледав до пола“, вели друг корисник.
„Тоа е француски филм за жена која што сака да украде фетус од бремена вдовица. Гледав одвратни филмови, но овој е најлош од сите досега. Речиси до крај го гледав, но сепак го прекинав“, признал друг корисник.