Игуаин ги избра најубавите моменти од Лигата на шампионите: Незаборавен е споменот кога ќе го елиминирав Реал

Дерби

20/10/2020

14:24

1.951

Големина на фонт

а а а

Гонзало Игуаин на крајот од летниот преоден рок одлучи да стави крај на својата незаборавна европска авантура, која стартуваше во Реал Мадрид, продолжи во Наполи, а заврши во Јувентус.

После цели 13 години минати во Европа, искусниот аргентински голгетер направи трансфер во американската МЛС лига, или поточно во редовите на Интер Мајами каде е главен напаѓач во проектот на легендарниот Дејвид Бекам.

Игуаин како играч кој беше навикнат да игра во Лигата на шампионите, вечерва ќе биде само навивач плус од ТВ екраните, па во пресрет на новата сезона во најелитното натпреварување, ги издвои најубавите моменти кои ги доживеал во најважниот турнир на стариот континент.

– Имам навистина многу убави спомени од Лигата на шампионите. Првиот натпревар, мечот против Тотенхем кога со Јувентус се пласиравме на „Вембли“, денот кога за малку ќе го елиминиравме Реал Мадрид.

– Загубивме 3:0 на домашен терен, имавме 3:0 на „Бернабеу“ и тоа беше натпревар во кој многу уживав, се до крајот кога Реал доби пенал. Исто така нема да го заборавам натпреварот против Борусија Дортмунд кога бев во Наполи, се сеќавам дека „Сан Паоло“ ќе се урнеше. Исто така, незаборавно е и финалето во Лигата на шампионите, иако резултатот не беше добар. Сепак, цела таа увертира, цел адреналин пред финалето е нешто што не се заборавам, – вели Игуаин во интервјуто за „ЦБС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг