Коронавирусот се шири несопирливо низ Европа: Ирска се затвора на шест седмици, Словенија воведе полициски час, Чешка и Полска итно отвораат нови болници...

Точка

20/10/2020

15:44

2.095

Големина на фонт

а а а

Поради ширењето на заразата на коронавирусот, низа на европски земји воведуваат строги мерки, а некои одлучија да воведат и полициски час.

Ирска вчера ги воведе некои од најстрогите мерки во Европа – националниот „локдаун“ кој ќе трае најмалку шест седмици. Станува збор за мерки кои се еквивалентни на со „заклучувањата“ на кои што сведочевме пролетта оваа година. Се затвораат сите не-есенцијални бизниси, а рестораните ќе можат само да доставуваат храна.

Понатаму, на сите Ирци им се забранува движење надвор од радиус од 5 километри од местото каде што живеат. Единствен исклучок е тоа што, Ирска за разлика на поголемиот број на европски земји, не планира да ги затвори училиштата.

Полициски час е на сила во повеќе француски градови, а од вчера е воведен и во Словенија каде ќе биде забрането движењето на граѓаните од 21:00 до 6:00 часот. Карантин се воведува и на одреден простор од германска Баварија каде е забележан зголемен број на новозаразени.


Чешка дополнително ги заостри мерките, а Полска отвора болница на стадионот во Варшава. Во Чешка, армијата започна итно да гради болница во близина на Прага.

Мерките оваа седмица значително ќе ги заостри и Австрија, а според најновото правило, во земјата се дозволува групирање на максимално шест лица заедно во затворен простор, односно 12 на отворен простор.

Се очекува дека мерките ќе продолжат да се заоструваат како што продолжува да се шири вирусот. Секако, сите овие мерки ќе доведат и до нов удар за економијата, а експертите проценуваат дека посебно на удар ќе се најдат малите бизниси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг