Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Макфакс

20/10/2020

19:31

2.826

Големина на фонт

а а а

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 % од вкупниот број патници предвидени во едно возило.

Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, во согласност со принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации во зависност од карактеристиките на работниот процес на институциите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг