До 2025-та година ќе „згаснат“ дури 85 милиони работни места, а тие се единствените виновници за тоа...

Супермен

21/10/2020

11:35

1.850

Големина на фонт

а а а

Добредојдовте во светот на напредната технологија и роботика, во кој што роботската рака се заканува целосно да ја замени човечката.

Прогнозата на Светскиот економски форум (WEF), за доминацијата на роботите во иднината, можеби доаѓа во најлошо време со оглед на тоа што светската економија веќе делумно е загрозена од влијанието на пандемијата.

Имено, милиони луѓе ја загубија својата работа, згаснаа многубројни работни места, а закрепнувањето е споро и неизвесно. На сето тоа, доаѓаат и вестите дека во наредните пет години дури 85 милиони работни места во средните и големите фирми ќе згаснат поради присуството на роботите кои што ќе ја заменат човечката работна сила.

Како што пренесува „Ројтерс“, истражувањето спроведено во 300 светски компании покажува дека четири од пет управи ги забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примената на новата технологија.

На овој тренд дополнително влијаеше и Ковид-19 поради кој прво милиони вработени почнаа да работат од дома на далечина, а доколку земеме предвид дека до 2021 година донекаде пандемијата ќе биде победена, тогаш е јасно дека на компаниите „им се брза“ луѓето да ги заменат со роботи и без пречки да продолжат со своето работење.

Сепак, секој прогрес има и своја „мрачна“ страна. Се поставува прашањето „што ќе биде со луѓето, како ќе заработуваат за живот и кои сектори најмногу ќе бидат погодени од имплементацијата на роботите?“.

Одговорот на експертите е следен: За да ја задржите работата ќе мора да им парирате на машините, да се прилагодувате и да стекнувате нови вештини. Работата, накратко речено ќе биде поделена еднакво помеѓу човекот и роботите. Одредено време евидентно е дека создавањето на работните места успорува, а нивното гасење забрзува.

Каде и да можат компаниите ги користат роботите кои што се прецизни, брзи, не бараат плата ниту боледување, па тоа им е најмногу во прилог. Сепак, нереално е машините во секој сегмент од работата да ги заменат роботите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk