Илон Маск ги открил плановите за создавање град на Марс кој ќе може да биде целосно самоодржлив и чиј опстанок нема да зависи од Земјата.
Говорејќи на годишната конференција „Mars Society“, основачот и извршен директор на „SpaceX“ изјавил дека проектите за развој на населби на Марс се веќе во тек и дека тие треба да бидат завршени пред да се случи некаква катаклизма на Земјата.
„Цивилизацијата баш и не изгледа цврсто, моментално сè изгледа разнишано. Нашата цел е да создадеме самоодржлив град на Марс. Не база, туку цел град. „Киселинскиот тест“ има за цел да утврди дали Марс ќе изумре ако луѓето престанат да доаѓаат од Земјата. Ако е така, тогаш тоа не е добра вест“, рекол милијардерот.
Маск додал дека такво сценарио би можело да се случи од повеќе причини – на пример, ако комета ја погоди Земјата, некој вулкан еруптира или се случи „нуклеарен Армагедон“ на нашата планета.
„Навистина сè би можело да се сведе на тоа дали ќе создадеме самоодржлив град на Марс пред или по Третата светска војна. Мислам дека поголема веројатност е дека ќе успееме да го направиме по Третата светска војна, иако се надеваме дека нема да биде така. Ние треба да го сториме тоа пред било каква потенцијална војна“, нагласил Илон Маск.
Милијардерот додал и дека станува збор за намалување на егзистенцијалниот ризик за цивилизацијата, а потоа и за „возбудлива иднина“ во која човекот ќе се справува со вселената, пишува „Independent“.