Вијналдум со остри зборови го окарактеризира стартот на Пикфорд врз Ван Дајк

Дерби

21/10/2020

14:21

1.529

Големина на фонт

а а а

Изминатиот фудбалски викенд во Англија освен неочекуваните резултати и големиот број на постигнати голови беше обележан и од страшната повреда на Вирџил Ван Дајк.

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул и клучен шраф во составот на Јирген Клоп заработи повреда по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Сега, Ван Дајк ќе мора да отсуствува од терените доста долг период, па Германецот ќе се соочи со поголеми проблеми во составувањето на тимот.

За стартот на Пикфорд врз својот соиграч проговори и сонародникот на Ван Дајк, Жоржињо Вијналдум. Тој го окарактеризира стартот на голманот на Евертон како глупав и непотребен.

– Сите сме очајни поради тоа, не е нормално. Тешко ни падна тоа што се случи, мислам дека никој од нас не спиеше после тоа што му се случи на Вирџил.

– Секако дека сме лути поради целата ситуација, начинот на кој Пикфорд стартуваше според мене беше целосно глупав. Верувам дека не сакаше да го повреди така, но начинот на кој стартуваше покажа дека не размислуваше многу што ќе се случи, - јасен беше Вијналдум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг