„Јелена од Драчево“ без грам шминка: Актерката објави фотографија по повод 36-от роденден

Точка

21/10/2020

15:44

6.348

Големина на фонт

а а а

Познатата македонска актерка која моментално живее во Хрватска, Јелена Јованова - Периќ, денеска го прославува својот роденден.

„Јелена од Драчево“ како што јавноста ја познава поради ТВ серијата „Преспав“, полни 36 години, а по тој повод објави селфи фотографија на која позира без грам шминка. 

Под фотографијата, актерката им се заблагодарила на сите за честитките и ставила хаштаг #36wehavenoneedforfilter (36 и не нѝ треба филтер). Оваа објава е вистински доказ дека за Јелена, годините се навистина само број.


Инаку, Јованова неодамна стана мајка и на свет го донесе синот Јаков, а набрзо по породувањето ѝ се врати на кариерата и на снимањата. Актерката е во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ од 2015 година, со кого се запознала за време на снимањето на серијата „Тајни“.

Живее во Загреб и работи во Скопје, па постојано е на релација Скопје – Загреб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг