Убиецот им платил на учениците да му го покажат наставникот: Франција во шок по ужасниот напад

Точка

21/10/2020

18:05

3.463

Големина на фонт

а а а

Убиецот е идентификуван како 18-годишниот Чечен Абдулах Анзоров.

Чеченскиот тинејџер кој му ја отсекол главата на францускиот наставник Самуел Пати, поради прикажување на карикатури од пророкот Мухамед на час, им платил на учениците да го идентификуваат наставникот пред училиштето, потврдил јавниот обвинител надлежен за борба против тероризам, Жан Франсоа Рикар. 

Убиецот е идентификуван како 18-годишниот Чечен Абдулах Анзоров.

Уште седум лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле уапсени вчера во рамките на истрагата за убиството на францускиот наставни, соопштила канцеларијата на Обвинителството за борба против тероризмот.

Убиството ја шокирало Франција и потсетило на нападот од пред пет години во просториите на сатиричниот весник "Charlie Hebdo", откако весникот објавил карикатура од пророкот Мухамед.

На парискиот универзитет Сорбона денеска ќе бие одржана национална комеморација за Пати.

Самуел Пати ќе биде постхумно одликуван со најголемото француско признание "Легија на честа".




Спонзорирани линкови

Маркетинг