Мистериозни напади на музеите во Берлин: Оштетени над 70 скулптури

Точка

21/10/2020

18:30

1.444

Големина на фонт

а а а

Иако се смета за еден од најголемите напади на уметноста и антиквитетите во пост-воена Германија, беа потребни две седмици за да се дознае дека во музеите на Берлин е извршен „напад“.

Најмалку 70 артефакти се испрскани со маслена течност на Музејскиот остров во Берлин, место кое е на листата на „УНЕСКО“ со светско културно богатство и кое е дом на дури пет познати музеи.

Нападот бил извршен на 3-ти октомври, односно на денот на повторното обединување на Германија.


Берлинската полиција објави детали за нападот 17 дена откако најмалку еден напаѓач таргетирал древни египетски саркофази, камени скулптури и слики од 19-ти век. Зошто сето тоа било толку долго во тајност не е познато.

Истражителите им испратиле мејлови на сите лица кои купиле билети за музеите на истиот ден, барајќи од нив информации. Се тврди дека истрагата била во тек „одредено време“, а јавноста не била известена „од стратешки причини“.


Мотивот на нападот не е познат и засега не е познато дали има некаква врска со одбележувањето на Денот на обединувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг