Ѓоковиќ со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот: „Ти благодарам за безграничната љубов“

Точка

21/10/2020

19:11

2.586

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ објави емотивна порака на Инстаграм по повод роденденот на неговиот син.

Стефан Ѓоковиќ, кој често му пружа поддршка на татка си на трибините, наполни шест години. Новак имал соодветен опис покрај заедничката фотографија со Стефан.

„Среќен роденден хероју татин. Ти благодарам што нѝ даваш безгранична љубов и што нè потсетуваш дека секој ден треба да работиме на себе и да бидеме подобро луѓе и родители. Те сакаме“, напишал Ѓоковиќ, а на фоторафијата ја означил и неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ.

Инаку, брачниот пар има две деца, синот Стефан и ќерката Тара, родена во 2017-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг