Пејачот во бурна врска: Го изневерувала две години со стриптизер, а потоа тајно се омажила за друг љубовник

Точка

21/10/2020

19:50

5.572

Големина на фонт

а а а

Фил Колинс и дал втора шанса на поранешната сопруга Ориане Севеи и зажалил, бидејќи потајно се омажила пред два месеци, а дознал и дека го изневерувала цели две години.

Музичарот Фил Колинс последните десетина години проживува тешки моменти поради поранешната сопруга Ориане Севеи, која профитирала со разводот од него, а го изневерила многу пати. 

Биле во брак од 1999-та до 2008-ма година, ги добиле синовите Метју и Николас, а нивниот развод бил еден од најскапите во шоубизнисот. Ориане, која себеси се нарекува деловна жена, добила дури 46 милиони долари.

Но, изгледа дека Фил од тоа не извлекол лекција бидејќи и дал нова шанса во 2016-та година, кога прекинал со американската телевизиска водителка Дана Тајлер. На Ориане во тоа време и пропаднал бракот со бизнисменот Чарлс Мејати, кој во судските документи се пожалил дека го оставила поради музичарот.

Колинс и поранешната сопруга заедно ги воспитувале децата и минувале време во Мајами, а тој бил уверен дека направиле грешка што се развеле. Ориане тогаш закрепнувала од проблемите со рбетот и била делумно парализирана, а музичарот бил крај неа целото време.

Изгледало дека нивниот однос е идеален и дека семејството е повторно заедно. "Нашиот развод беше погрешна одлука. Сега повторно го нарекувам Фил свој сопруг. Толку сме блиски и не е важно дали сме венчани или не. Секогаш сме биле блиски поради децата. Минатата година сфатив дека тој навистина е мажот на мојот живот", истакнала таа.

"Повторно сме заедно бидејќи сфативме дека направивме грешка. Нашите синови се многу среќни бидејќи нивните родители се заедно", рекол Фил.

Но, шокот повторно пристигнал пред два месеци, кога музичарот дознал дека неговата партнерка во Лас Вегас се омажила за гитаристот Томас Батес. Не знаел дека се гледала со други мажи и живеел со неа додека не дознал за нејзиниот нов брак. Му кажала дека оди од време на време во Вегас бидејќи има деловни состаноци за својот бизнис со накит.

Но, очигледно Ориане не мислела дека доволно го повредила човекот кој некогаш го нарекувала "мажот на својот живот". Имено, Фил поднел тужба против неа бидејќи не сакала да се исели од неговата куќа. Истакнал дека Ориане ги променила безбедносните лозинки низ куќата и дека тој повеќе не може ни да влезе внатре. Наводно станала и непријатна кон персоналот, а на Колинс му се заканува дека ќе изнесе срамни факти за неговиот приватен живот доколку му падне на памет да преземе нешто за нејзино селење.

Ни тоа не е крајот за непријатните изненадувања за музичарот. Како што пишува "The Sun", неговата поранешна сопруга две години го изневерувала со стриптизерот Престон Томпсон, на кој му купила вила вредна 1.3 милиони фунти во Лас Вегас.

Ориане го запознала Престон во 2018-та година кога го ангажирала да ја рекламира нејзината колекција на накит. Тоа се развило во љубовна врска и го водела на патувања низ Европа со парите на Фил.

Инаку, Ориане и Фил се запознале во 1994-та година додека тој бил на турнеја во Швајцарија, а таа во тој момент имала 21 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг