Наскоро ќе дојде крајот на годината, па ќе дознаеме кои конзоли беа најпродавани во 2020. Воедно, тоа е и добра можност да се потсетиме кои незаборавни конзоли нè воодушевија и ја одбележаа ерата.
Секако, станува збор за листата на најпродавани конзоли на сите времиња. Која е вашата омилена?
Наследникот на легендарниот „PlayStation“ се појави во 2000 година и го освои пазарот преполн со силна конкуренција како што се „Sega Dreamcast“, „Nintendo GameCube“ и „Microsoft Xbox“. Меѓутоа, никој не можеше да парира на популарноста на овој „бестселер“ кој го освои пазарот и седна на тронот како најпродавана конзола на сите времиња.
Со повеќе од 3.800 игри продадени во 1,5 милијарди примероци, „двојката“ ја задржа популарноста дури и по излегувањето на „тројката“, а со тоа стана една од најдолговечните конзоли која се произведуваше 12 години, пренесува „Index“.
Во време на појавување на пазарот (2004 година) „Nintendo DS“ беше вистинска револуција– имаше два LCD екрани, вграден микрофон и поддршка за безжична конекција благодарение на која имавте можност да играте или комуницирате со повеќе играчи. Покрај оргиналот, се појавија уште и „DS Lite“, „DSi“ и „DSi XL“.
Иако и пред тоа забележа успех со својата „Game & Watch“ серија, „Game Boy“ беше огромен хит. „Game Gear“, „Lynx“ и „TurboExpress“ се обидоа да земат „дел од колачот“, но иако беа технолошки супериорни, „Game Boy“ беше издржлив, помалку трошеше и она што е важно – имаше одлична селекција на видео-игри.
Остатокот на листата ја сочинуваат „PlayStation 4“ (106 милиони), „PlayStation“ (103 милиони), „Nintendo WII“ (102 милиони), „PlayStation 3“ (88 милиони), „Xbox 360“ (85 милиони), „Game Boy Advance“ (82 милиони) и „PlayStation Portable“ (80 милиони).